Вечерва во 20.30 часот со гасење на светлото на еден час ќе биде обележана оваа глобална акција „Еден час за планетата Земја”. Оваа акција трае 18 години и во неа учествуваат повеќе од 190 земји. Целта е штедење енергија и природни ресурси, меѓу кои е и водата чиј светски ден се одбележува денес.
Во глобалната акција Еден час за планетата, ширум светот, институции, бројни објекти, разни институции и домаќинства, гасат светла на еден час. Тоа е симболично, но тие 60 минути многу значат за светот. Акцијата е еден од начините на кои може да се влијае на донесувачите на одлуки во важни корпорации и во светот на политиката, за да можат да ги усмеруваат своите одлуки кон одржливо работење и одржливо функционирање на држави и големи корпорации. Со симболичното гасење на светлото, се штеди електрична енергија, но се чуваат природните ресурси.