Вечерва свечено отворање на Меѓународниот салон за стрип во Велес

Меѓународниот стрип-конкурс, како и Меѓународната стрип-колонија се два дела од Меѓународниот стрип-салон „Велес 2025“

Вечерва, со почеток во 20.00 часот во Европската куќа во Велес ќе се отвори 22. издание на Меѓународниот салон за стрип „Велес 2025“

На отворањето ќе се доделат награди, дипломи и признанија за годинашниот меѓународен стрип-конкурс, ќе се отвори изложбата од избрани дела по истиот конкурс, а ќе се претстават и стрипови по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал „Вековници“. Промотер ќе биде Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија.

Како што информираа претходно од Стрип-центарот на Македонија, годинава, на традиционалниот стрип-конкурс се пријавиле рекордни 396 автор од цел свет, од кои 164 од нашата земја.

„Активностите продолжуваат и утре кога ќе започне вториот сегмент на салонот, односно седмата по ред ред стрип колонија. До 24 август во излетничкото место Нежилово стрип автори од разни генерации од Бугарија, Србија и Македонија заеднички ќе крираат свои стрипови“, вели Томе Трајков, еден од координаторите проектот.

Меѓународниот стрип-конкурс, како и Меѓународната стрип-колонија се два дела од Меѓународниот стрип-салон „Велес 2025“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни