Вечерва, со почеток во 20.00 часот во Европската куќа во Велес ќе се отвори 22. издание на Меѓународниот салон за стрип „Велес 2025“
На отворањето ќе се доделат награди, дипломи и признанија за годинашниот меѓународен стрип-конкурс, ќе се отвори изложбата од избрани дела по истиот конкурс, а ќе се претстават и стрипови по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал „Вековници“. Промотер ќе биде Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија.
Како што информираа претходно од Стрип-центарот на Македонија, годинава, на традиционалниот стрип-конкурс се пријавиле рекордни 396 автор од цел свет, од кои 164 од нашата земја.
„Активностите продолжуваат и утре кога ќе започне вториот сегмент на салонот, односно седмата по ред ред стрип колонија. До 24 август во излетничкото место Нежилово стрип автори од разни генерации од Бугарија, Србија и Македонија заеднички ќе крираат свои стрипови“, вели Томе Трајков, еден од координаторите проектот.
Меѓународниот стрип-конкурс, како и Меѓународната стрип-колонија се два дела од Меѓународниот стрип-салон „Велес 2025“.