Вечерва Скопје не спие – вечерва тагата маршира, а гневот расте!

Поворката што започна со 3000 луѓе сега брои повеќе од 6000, тивко и достоинствено движејќи се кон Собранието на Република Македонија. Таму веќе ги чекаат уште стотици граѓани, солидарни во болката и револтот. Ова не е обичен протест – ова е марш на тага, марш за правда, марш против неправдата што секој ден го уништува нашето општество.

Скопје никогаш не било потажно. Лицата на луѓето зборуваат повеќе од илјада зборови – очи полни со солзи, гласови што треперат, раце што држат транспаренти со пораки кои го сечат воздухот: „Правда за Фросина – правда за сите!“ и „Секој еден може да е следен“. Тишината тежи, а секој чекор одекнува како повик што не смее да остане незабележан.

Семејството на Фросина оди напред, носејќи нејзина фотографија. Ова не е само борба за една млада девојка, ова е борба против систем што дозволува улиците да бидат гробишта, а убијците да бидат на слобода. Вечерва Скопје не спие – вечерва тагата маршира, а гневот расте.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни