Вечерва се отвора деветтото издание на филмскиот фестивал „Дрим Шорт“ во Струга

Вечерва, со почеток од 19:30 часот во Паркот на поезијата во Струга, под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“ се отвора деветтото издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“.

Фестивалот ќе се одржи од седми до десетти Август на повеќе локации во Струга. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на

„Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен.

Програма за 7 август (четврток)

Локација: Парк на поезијата, Струга

19:30 Официјална церемонија за отворање на „Дрим Шорт 2025“

20:30 Проекција на филмови

Соочување со минатото

„Човекот што не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ, 14′

Меѓународна конкуренција

„О“ во режија на Рунар Рунарсон, 20′

Регионална конкуренција

Речиси сигурно неточно“ во режија на Џансу Бајдар, 20′

Национална конкуренција

Зајак“ во режија на Ханис Багашов

Специјална проекција

17 часот“ во режија на Флака Коколи,10′

Излез“ во режија на Лум Радониќи, 25′

Овогодишното жири го сочинува истакната група филмски професионалци: Јелена Јованова, актерка; Никола Ристановски, актер; Гвидо Казале, режисер; и Бранко Ристовски, монтажер и продуцент.

Деветтото издание на „Дрим Шорт“ е овозможено со безрезервната поддршка од нашите партнери и спонзори: ПроПис Северна Македонија, Агенција за филм на Северна Македонија, Холандска амбасада во Скопје, Јуроп Хаус Струга, Општина Струга, Трим и Лум, Екосвест, Хотел Дрим, Струшки вечери на поезијата, АКВА Струга, НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга, Интероптик Струга Мезе Бар Кингстон, Мезе Бар Барабар и кафе бар Дуќан. Официјалните медиумски партнери на фестивалот се ТРН мк, ФИЛМ+ и Плеј Радио.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни