Очите на европската кошаркарска јавност вечерва ќе бидат вперени во белградска Арена и мечот Партизан – Баерн Минхен.
Сепак, фокусот првенствено нема да биде на играта и резултатот на теренот, туку на она што ќе се случува на трибините.
Партизан вечерва ќе го одигра првиот меч без довчерашниот тренер Жељко Обрадовиќ на клупата кој се повлече пред една недела.
Се очекуваат навредливи скандирања, па и прекин на мечот
Откако во своето прво и единствено обраќање по оставката Обрадовиќ се целата ситуација во клубот, го посочи претседателот на КК Партизан Остоја Миајловиќ за најодговорен, дел од навивачката група на клубот „Гробари“ бараат негова оставка.
Голем дел од нив досега преку социјалните мрежи го навредуваа и напаѓаа Мијаловиќ, но вечерва „Грибари“ ќе бидат во салата и очекувањата се дека пред и за време на натпреварот може да се случи буквално се.
Дел од навивачите преку социјалните мрежи повикуваат на смиреност и поддршка на клубот, додека оние најекстремните најавуваат нереди, па дури и упад на теренот и прекинување на мечот.
Управата на клубот како и пред секој меч така и сега упати апел за фер и коректно навивање со цел да се избегнат инциденти и казни, па и евентуално дисквалификување на клубот.
Од кошаркарски аспект, Партизан е во криза и е на 18. место со скор од 4 победи и девет порази, додека гостинскиот тим од Германија има само една победа повеќе.
