Вечерва од 18.30 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Зборовезница на едно новинарско перо“ од новинарката Милева Лазова.
Делото ќе го промовираат Валентина Горгиевска-Парго и Лилјана Стоилковска, а модератор ќе биде Оливера Јовановска.
Промоцијата ќе има и придружната музичка програма на која ќе настапат: Васил Атанасов, обоа, Влатко Митев, тапан и Сашко Митев, инструменталист и вокал.
Настанот го организира едукативното здружение „7/8-Седум осмини“, во рамките на Скопје, Европска престолнина на културата 2028.