Вечерва премиера на интердисциплинарниот перформанс „Два пати мери“ во Котур

Во Котур Кафе Филм вечерва (5 февруари) премиерно ќе се изведе перформансот „Два пати Мери“ во кој се комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија.

„Се изведува од два тима во исто време на две различни локации, во Прага и во Скопје. Публиката ќе може низ сите канали да го следи животот на двајца луѓе, да види како се претвораат во насилник и жртва, и која е улогата на општеството во таа трансформација. Целиот перформанс е инспириран од Македонски (и Балкански) традицонални поговорки кои ја пренесуваат ‘мудроста’ од генерација на генерација, оставајќи траги и лузни“, се вели во најавата за настанот. 

Текстот на перформансот е на Натали Спасова а пооезијата на Иф Атанасова. Во перформансот исто така е поставена и фото изложбата на Филип Куновски а музиката е на Александар Бошков.

Во Скопје играат Матеа Јанковска и Никола Ристески, а од Прага преку видео Виктор Бужаров и Иф Атанасова.

Перформансот е организиран од Скоро Театар, а финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и СМАРТ БАЛКАНС – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, и реализиран со поддршка и во соработка со Котур Кафе и Филм. Картите се во продажба преку продажната мрежа на karti.com.mk. 

Репризата на перформансот е закажана за утре (вторник, 6 февруари).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни