Метеорскиот дожд Лириди трае од 17 до 26 април, но ќе достигне врв преку ноќ од понеделник, 21 април, до вторник, 22 април, објави Форбс.
Раните часови по полноќ, кога која било локација на планетата Земја е најтемна, е најдобро време за набљудување на метеорски дожд.
Иако „ѕвездите што паѓаат“ изгледа дека доаѓаат од соѕвездието Лира на источното небо, тие можат да се појават насекаде на небото.
Соѕвездието Лира, чиј најсветлиот дел е ѕвездата Вега, изгрева на североисточното ноќно небо во април неколку часа по зајдисонцето, а шансите за гледање ѕвезди што паѓаат ќе се зголемуваат како што напредува ноќта.

„Барајте ги по околу 22:30 часот по локално време, до зори, а најдобрата шанса да ги видите е околу 5 часот наутро“, се вели во блог пост објавен од Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА).
Повеќето метеорски дождови се предизвикани од прашина и остатоци што ги остава некоја комета во внатрешниот Сончев систем, но за Лиридите матичната комета е прилично мистериозната „C/1861 G1“ за која не се знае многу.
Кометата чии траги го предизвикуваат метеорскиот дожд Лириди последен пат била во нашиот дел од Сончевиот систем во 1861 година и нема да се врати во овој дел од Сончевиот систем до 2283 година, според „Индепендент Пишинг“ на Танјуг.