Tрадиционалниот Д фестивал (The Festival), кој 14 години се одржуваше во Дојран, од денес започнува нова епизода во градот Штип.
На стадионот крај Брегалница, овој викенд ќе се одржи фестивалот на кој ќе настапат популарни имиња од земјава и регионот.
Организаторот „Пасворд продукција“ најави дека влезот ќе биде бесплатен но ќе има хуманитарни билети, а сите средства ќе бидат наменети за настраданите во пожарот во Кочани.
Оваа година, нема да има камп за посетителите, а сите музички настани ќе се реализираат во кругот на Градскиот стадион во Штип, и тоа на помошниот терен. Веднаш до автобуската станица се поставени две големи монтажни бини, на кои наизмeнично, без временско совпаѓање, ќе се одвиваат концертите и диџеј сетовите.
Организаторите ја објавија целосната програма на двата стејџа, отворањето е вечерва, а фестивалот ќе се затвори во недела со настап на „Прљаво Казалиште“.