Вечерва од 18, однсоно од 19 часот по грчко па се до 22, односно 23 часот по грчко време ќе се одржат нови блокади на грчките земјоделци од северниот дел на државата.
Со блокадите ќе биде опфатен и граничниот премин „Евзони“ кон Македонија.
Според информациите од грчките медиуми, за утре кога во Грција се празнуваат Водици, како и за задутре не се најавени блокади на земјоделците.
Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, а нивниот став е дека ќе дојдат на дијалог со Владата, само доколку бидат исполнети сите нивни барања.
Поради протестите и блокадите, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претпладнево свика вонреден состанок.
