Вечерва не го пропуштајте спектаклот: Студената Месечина ќе го осветли небото за последен пат во 2025 година

Иако ова е последната супермесечина во 2025 година, нема да мора да чекаме долго за следната. Веќе на 3 јануари следната година, на небото ќе се појави нова, и тоа ќе биде таканаречената Волчја Месечина

Љубителител на астрономските феномени ќе бидат воодушевени вечерва – студената Месечина, последната супермесечина во 2025 година, ќе заблеска на небото. Ова е третата супермесечина што имавме можност да ја видиме во последната година, но она што е ретко е фактот дека тие се појавија во многу краток временски период една по друга.

Што е супермесечина?

Според дефиницијата на НАСА, супермесечината е феномен што се случува кога полната Месечина се совпаѓа со точката каде што е најблиску до Земјата на нејзината елиптична патека – таканаречениот перигеј. Иако не е официјален астрономски термин, терминот најчесто се користи за полна Месечина што е во рамките на 90 проценти од нејзината најблиска точка до Земјата.

Во зависност од времето од годината или други небесни настани, како што е целосно затемнување, супермесечините добиваат различни имиња. Вечерва се нарекува Студена Месечина затоа што го означува почетокот на зимата, а позната е и како Месечина на Долгата Ноќ.

Кога и каде можете да ја видите?

Студената Месечина е видлива од попладне и ќе го краси небото во текот на целата ноќ, до утре наутро. Секако, видливоста ќе зависи од времето и облачноста во вашето подрачје. Ако небото е ведро, ќе имате можност да го видите овој феномен.

Немојте да се изненадите ако забележите дека Месечината има портокалов сјај. Ова е нормален феномен предизвикан од расејувањето на месечевата светлина додека минува низ погустата атмосфера на Земјата.

Следната супермесечина ќе пристигне веќе во јануари

Иако ова е последната супермесечина во 2025 година, нема да мора да чекаме долго за следната. Веќе на 3 јануари следната година, на небото ќе се појави нова, и тоа ќе биде таканаречената Волчја Месечина.

Тоа традиционално име за првата полна месечина во годината доаѓа од завивањето на гладните волци што често се слушало во јануари, кога храната била оскудна. Случајно, таа полна месечина ќе биде и супермесечина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни