Вечерва на „Скопско лето“ настап на хорот „Фрида од Македонија“ во Сули ан

Хорот „Фрида од Македонија“ функционира во две секции/групи составени од по 60-ина хористки аматери, со големо хорско искуство

Во Сули ан во Старата скопска чаршија, вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржи хорот „Фрида од Македонија“.

Настапот е дел од манифестацијата „Скопско лето“

Аматерскиот женски хор „Фрида“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот функционира во две секции/групи составени од по 60-ина хористки аматери, со големо хорско искуство.

„Скопско лето“ се одржува на повеќе значајни локации низ Скопје и ќе трае се до 31 јули.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни