Настанот нуди уникатно музичко патување низ три различни светови – класичната уметност, филмската емоција и македонскиот музички корен, обединети преку звуците на инструментите кои самиот Поповски ги создава. Концертот ветува висока музичка естетика, длабока емоционалност и автентично доживување на музиката во нејзината најинтимна форма.

Вечерта ќе биде збогатена и со учеството на специјални гости:
Рихард Рикон – реномиран пијанист од Словачка
Елена Васова – гостин-сопран
Билетите се достапни преку платформата karti.com.mk.
Не пропуштајте музичка вечер која спојува традиција, емоција и современа уметничка визија.