Македонија се пласираше на ЕП во ракомет 2026 а вечерва ќе ги дознае и противниците во групната фаза.
Жрепката ќе се одржи во данскиот град Хернинг вечерва во 19 часот.
За Македонија ова ќе биде деветто учество на Европските првенства, а нашите ракометари се дел од третиот шешир, па ќе добијат условно два поквалитетни ривали и еден послаб.
Во првиот шешир се Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија и Словенија, додека во вториот се селекциите на Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија и Фарските Острови.
Со оглед на тоа дека ние сме дел од третиот шешир, Македонија нема да може да биде во иста група со Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска.
Во најслабиот шешир се репрезентациите на Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина и Италија.
Европското првенство ќе се игра од 15 јануари до први февруари 2026 година во Данска, Норвешка и Шведска. Натпреварите ќе се играат во четири сали во четири града. Данците ќе ги пречекаат најдобрите европски селекции во Хернинг, Норвешка е домаќин во предградието на Осло, Берум, додека во Шведска ќе се игра во два града, Кристијанстад и Малме.