Вечерва Еко-кино на точак на чиста енергија во Паркот на Франкофонијата

Со кино-проекции под отворено небо, младинската организација „Биди зелен/Go Green“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на младите, 12-ти август.

Со почеток во 20 часот во Паркот на Франкофонијата се закажани прокции на двата кратки филма „Приказна на точак“ (Bike stories) кој е во времетраење од 15 и „Нозете на Амстердам“ (Legs of Amsterdam) од 12 минути.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Младински активизам за зелени општини вол.3”, имплементиран од Гоу Грин, финансиран од Канцеларијата на Фондацијата Хајнрик Боел во Сараево.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни