Поранешниот англиски репрезентативен напаѓач Карлтон Кол раскажа како еднаш неговите колеги Џермејн Дефо, Вејн Руни и Шон Рајт Филипс го измамиле и наместо витамини, му дале да се напие една таблета вијагра. Ова се случило во 2009 година, во пресрет на меч против Холандија.
„Немав некоја голема желба за секс, но имав ерекција. На тренингот бев најбрз, нормално, ако се знае дека имав три нозе“, раскажува Кол со насмевка.
Дефо изјави дека Карлтон бил позитивен лик, секогаш насмеан, па решиле да се пошегуваат со него. Тој мислел дека пие витамини и дека тоа е добро за неговиот организам .
Дефо додаде дека изразот на лицето на Кол кога дознал за шегата, бил неповторлив. Тогашниот селектор Фабио Капело не дознал за измамата.
Извор: https://www.mirror.co.uk/sport/football/news/wayne-rooney-viagra-england-cole-31876890