Околу 50 шефови на држави и десет владејачки монарси досега го потврдиле своето присуство на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кој ќе се одржи во сабота на плоштадот Свети Петар во Рим, соопшти денес Ватикан.
„Досега е потврдено присуството на 130 странски делегации на погребот на папата Франциско“, се наведува во соопштението.
Меѓу присутните ќе бидат и претседателот на САД, Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, како и кралот и кралицата на Шпанија, додаде Ватикан.
Папата почина во понеделник на 89-годишна возраст.