Ватикан: Лекарите постепено ја намалуваат терапијата со кислород за Папата

Лекарите кои се грижат за здравјето на папата Франциск, кој повеќе од еден месец е хоспитализиран во римската болница Гемели поради билатерална пневмонија, постепено ја намалуваат неговата терапија со кислород, објави вечерва Ватикан.

Тој сега за прв пат се префрла на намален проток и „за одреден период папата може да остане без дополнителен кислород“, соопшти прес-службата на Ватикан на вечерниот брифинг.


Франциск, кој е папа од март 2013 година, претрпе неколку респираторни кризи во болница што предизвикаа вистински стравови за неговиот живот, но неговото здравје се подобрува во последните две недели.

Од прес-службата денеска додадоа дека неговата состојба и понатаму е стабилна и дека денеска бил на физиотерапија, работел, се молел и одморал.

Следниот официјален билтен за неговата здравствена состојба се очекува да биде објавен „најрано во среда навечер“.

Френциск страдаше од зголемени здравствени проблеми во последниве години, но ова е најдолгата и најсериозна хоспитализација откако тој ја води Римокатоличката црква.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни