Ватикан ги демантира гласините: Папата Франциск е жив и во стабилна состојба

Во последните денови, Ватикан се соочува со бран на дезинформации и теории на заговор за здравствената состојба на папата Франциск, кој беше хоспитализиран на 14 февруари поради обострана воспаление на белите дробови. Неговото отсуство од јавноста поттикна шпекулации, а на социјалните мрежи се појавија лажни вести дека тој починал.

Италијанскиот ТикТокер Ottavo успеа да влезе во една од болничките одделенија на клиниката Џемели во Рим, обидувајќи се да ја потврди оваа теорија. „Нема обезбедување, никогаш не би можел да стигнам до овде доколку тој навистина е во болница. Според мене, папата Франциск почина“, изјави тој. Сепак, тој не беше ни близу до вистинското одделение каде што се лекува Папата.

Неколку дена претходно, уште еден ТикТокер, познат како Er Bombolino, се обидел да направи истото, но и тој завршил на погрешно место.


Од Ватикан редовно ги демантираат овие дезинформации, а папата Франциск дури и објави аудио-порака, во која се заблагодари на сите што се молат за неговото оздравување. „Од срце ви благодарам за молитвите. Ве следам од болницата“, порача тој.

Лекарите соопштија дека Папата доживеал сериозен астматичен напад на 22 февруари, а на 28 февруари и бронхоспазам. Сепак, неговата состојба е стабилна и добро реагира на терапијата.

Во меѓувреме, полицијата ги разгледува можностите за правни мерки против ширењето на дезинформации, додека од Ватикан порачуваат: „Нашите информации ги објавуваме редовно и транспарентно. Лажните вести зборуваат сами за себе.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни