Ватерполо: Унгарија ја елиминираше Хрватска и закажа полуфинале со Србија

Со оваа победа, Унгарија обезбеди полуфинале каде што ќе се сретне со Србија, која беше подобра од репрезентацијата на САД.

Ватерполо репрезентацијата на Унгарија ја победи Хрватска во четвртфиналето со резултат 18:12, по четвртини 6:6, 5:1, 2:2, 5:3, и се пласираше меѓу четирите најдобри екипи на Светското првенство во Сингапур.

Со оваа победа, Унгарија обезбеди полуфинале каде што ќе се сретне со Србија, која беше подобра од репрезентацијата на САД.

Репрезентација на Унгарија
Натпреварот започна ефикасно од двете страни – Унгарија поведе со 2:0, но Хрватите брзо израмнија. Во текот на првата четвртина, Хрватска двапати водеше, но паузата дојде со нерешен резултат 6:6.

Втората четвртина донесе целосен пресврт. Унгарците постигнаа три гола по ред и доминираа со вкупно 5:1 во овој период, па на полувреме заминаа со водство од 11:7. Третата четвртина беше нешто помирна и заврши со резултат 13:9 во корист на Унгарија.

Хрватите во последната четвртина во ватерполо утакмицата се доближија на само два гола разлика, но следуваше серија од четири гола на Унгарците за конечни 18:12.

Најдобар кај Унгарија беше Кристијан Манхерц со четири гола, по три постигнаа Вамош и Адам Наѓ, по два пати погодија Вендeл Вигвари, а по еднаш Молнар, Фекете, Ковач, Винс Вигвари, Акош Наѓ и Висмег. Кај Хрватска најдобар стрелец беше Звонимир Бутиќ со четири гола, додека по два постигнаа Харков и Букиќ.

Полуфиналните натпревари се закажани за вторник. Во првото полуфинале ќе се сретнат Грција и Шпанија, а во второто Србија и Унгарија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни