Вработените на српскиот институт BioSense Institute во Нови Сад, каде што работеше македонскиот научник Васко Саздовски, поставија иницијатива амфитеатарот на институтот да го носи неговото име. Колегите посочуваат дека со таквиот гест сакаат да ја зачуваат сеќавањето на неговата работа и посветеност.
Саздовски, кој е од Свети Николе, работеше во BioSense како научник во областа на сензорските технологии. Тој трагично загина при пад на настрешница на железничка станица во Нови Сад.
До неговата трагична смрт, Васко Саздовски беше тивок пример за знаење, истрајност и посветеност — а сепак, речиси непознат за јавноста. Доктор по науки, првенец на генерација на Воената академија и истражувач во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, тој го посвети својот живот на развој на нови технологии и современо земјоделство. Секогаш се стремел она што го научил надвор да го примени дома, со верба дека Македонија заслужува да расте преку труд и знаење.
Според информациите, неговите колеги го опишуваат како „одличен научник и човек“, посветен на иновации и истражувања.Сега тие сметаат дека именувањето на амфитеатарот во негова чест ќе биде достојна меморија за неговиот придонес.