Васил Хаџиманов со концерт во „Паблик Рум“ – вечер на слобода, импровизација и звучна алхемија

Васил Хаџиманов со концерт во „Паблик Рум“ – вечер на слобода, импровизација и звучна алхемија

Публиката може да очекува вечер исполнета со слобода, импровизација и емоција, со избор од делата на Хаџиманов од неговите досегашни осум албуми, како и премиерно изведување на дел од материјалот што ќе се најде на неговиот деветти студиски албум.

„Секој настап во Скопје за мене е вистинска радост и повторна средба со луѓе што многу ги сакам,“ вели Хаџиманов, додавајќи дека најважно во музиката е искреноста и спонтаноста. „Џезот е жив организам што постојано се менува – нема правила, сè е дозволено и сè е во игра,“ истакнува тој.

Во своето творештво, Хаџиманов маестрално ги спојува џез-импровизацијата, балканските ритмови, електрониката и современиот урбан звук, создавајќи единствен музички јазик што ја обединува публиката од различни генерации и култури.

Секој негов настап во Скопје досега бил распродаден и дочекан со ентузијазам. Концертите на Хаџиманов се препознаваат по интензивната комуникација со публиката, каде што секоја нота прераснува во дијалог, а секоја импровизација во заедничка енергија. Минатите настапи во „Паблик Рум“ останаа запаметени по високата музичка виртуозност и искрената атмосфера, онаа што го прави неговиот настап повеќе од концерт, вистинско музичко доживување.

„Добрата енергија на сцената почнува со добри луѓе,“ додава Хаџиманов. „Секогаш имам среќа да бидам опкружен со фантастични музичари кои споделуваат иста страст.“

Настапот на 1 ноември во „Паблик Рум“ ќе биде уште една можност македонската публика да ја почувствува чистата музичка магија на Васил Хаџиманов, вечер кога џезот ќе се претвори во искрен дијалог меѓу уметникот и публиката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни