Васил Хаџиманов Бенд со концерт во Public Room

Нивната музика се одликува со иновативни аранжмани, автентична звучна естетика и креативни експерименти со различни музички стилови и ритмови.

На 15. март Васил Хаџиманов Бенд сќе одржат концерт во Public Room.

Оваа извонредна група музичари веќе долги години ја воодушевува публиката ширум светот со својот единствен звук. Нивната музика се одликува со иновативни аранжмани, автентична звучна естетика и креативни експерименти со различни музички стилови и ритмови.

На овој концерт ќе ги слушнете нивните најдобри композиции, а ќе ги претстават и своите нови, свежи идеи.

,,Дознајте зошто настапот на Васил Хаџиманов Бенд е омилен помеѓу љубителите на врвна музика и придружете ни се на уште една саботна вечер исполнета со многу убава енергија!” порачуваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни