Васил Гарванлиев е специјален гостин на Лондонската Евровизија Парти 2025

Со задоволство потврдуваме дека претставникот на Северна Македонија од 2020 и 2021 година, Васил, ќе настапи на Лондонската Евровизија Парти 2025, која ќе се одржи на 13 април

„Добар ден Европа, Скопје се јавува! Имаме ново објавување за LEP 2025! Со задоволство потврдуваме дека претставникот на Северна Македонија од 2020 и 2021 година, Васил, ќе настапи на Лондонската Евровизија Парти 2025, која ќе се одржи на 13 април“ соопштија организаторите.

Тие велат дека со нетрпение очекуваат да ги донесат повторно вибрациите на Балканот со Васил во „Here At Outernet“, каде што ќе го изведе неговите песни „You“ и „Here I Stand“. Ова ќе биде прв пат песната „You“ да биде изведена на Евровизиската сцена!

Кој е Васил?

Васил Гарванлиев е пејач од Северна Македонија, потекнува од Струмица на југот на земјата. Тој беше избран внатрешно од македонскиот јавен сервис во 2020 година со неговата сензуална песна „You“, латински обојена современа композиција. Ова не беше прв пат Васил да се обиде да учествува на Евровизија, тој се пријави за изборот во 2007 година со песната „Помогни ми“, но тогаш не беше негово време.

Во 2020 година натпреварот беше откажан поради пандемијата на Ковид-19. Во 2021 година кога повторно беше избран од МРТ со радикално различната химничка балада „Here I Stand“. Песната беше инспирирана од Бродвеј и Вест Енд драма, изградена со големи вокали низ целата песна. Тоа беше прослава на Васил, кој конечно го доби својот момент на Евровизиската сцена. Настапот беше незаборавен со неговиот костум со огледален балон на елекот, што создаде рефлектирачки ефекти кои навистина го пополнија целото сценско просторно.

„Како еден од најљубезните и најдобрите учесници од последните години на Евровизија, сигурни сме дека фановите на Евровизија со нетрпение го чекаат дебитантскиот настап на Васил на Лондонската Евровизија Парти!“ велат организаторите.

Лондонската Евровизија Парти е најголемиот годишен настан за Евровизија во Обединетото Кралство

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни