Вашата кујна е полна со микропластика

Микропластиката се наоѓа секаде околу нас – во чешмата, во садовите, дури и во храната што ја јадеме.

Таа се наоѓа во јајца, месо, зеленчук, а може да се измеша и во тестенини, мед и леб. Иако не може да се види со голо око, секојдневно внесуваме стотици мали честички пластика.

Микропластиката (помала од 5 мм) и нанопластиката (1–1.000 нанометри) може да влезат во нашата храна преку загадена почва, вода, сточна храна или пакување. На пример, студии покажале дека миењето на оризот пред готвење може да ја намали микропластиката за 20–40%, а миењето на месо и риба исто така ја намалуваат, но не ја елиминираат.

Многу пластика се внесува и преку вода – и чешмата и шишињата можат да бидат извор на микропластика. Филтрирањето со едноставен активен јаглерод може да ја намали количината до 90%. Дури и пластични филтер-ќесички за чај ослободуваат милијарди честички микропластика.

Употребата на пластика во пакувањето на храната, садовите за мешање и кујнските апарати исто така е значаен извор. Студиите покажуваат дека една пластична даска за сечење или пластично тенџере може да ослободи милиони честички микропластика за време на користење. И силиконот, иако постабилен од пластиката, се распаѓа на високи температури. Алтернативи се стакло, нерѓосувачки челик и биопластика.

Дел од експертите советуваат да се фокусираме на свежа храна и да се избегнуваат ултра-преработени производи, бидејќи тие често имаат поголема пластична контаминација поради бројните допири со пластика во фабриките.

Иако сè уште не е целосно јасно какво влијание има микропластиката врз човечкото тело, тие честички се присутни во многу органи во човечкото тело, вклучувајќи мозок, крв и бубрези. Сепак, голем дел од внесената микропластика излегува од телото.

Мерките што можеме да ги преземеме во кујната, како замена на оштетени пластични садови, миење на храна и користење филтрирана вода, можат значително да ја намалат изложеноста. Но, за вистински ефект, потребно е глобално намалување на отпадот од пластика.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни