Потпретседателката на Странката на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, реагираше на собирот организиран во близина на кампот „Чациленд“, опишувајќи го како „вашар покрај мајка што штрајкува со глад“.
Тепиќ на социјалната мрежа X (поранешен Twitter) сподели видео со коментар: „Вашар покрај мајка што штрајкува со глад. Превртуваат ќебапи и поставуваат бина. Не знаат дали за Вучиќ. А тој, како, ништо не знае — бара снајперисти.“
Нејзината изјава доаѓа во момент кога пред Собранието на Србија се одржуваат паралелни собири — еден во поддршка на Дијана Хрка, мајката која штрајкува со глад, и друг организиран од присталиците на Српската напредна партија (СНС).
Тепиќ порача дека ваквите собири, во време кога една мајка протестира поради болката и неправдата што ја трпи, „претставуваат морален пад и цинизам на власта“.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк.