Вардар се излеа кај Форино: затворен регионалниот пат кон Чегране, блокиран и правецот кон Герман

Поради поплавување на коловозот и паднато дрво, воведени се забрани и пренасочувања; возачите да возат внимателно

Регионалниот пат Р2-233 меѓу Гостивар и селото Чегране е затворен за сообраќај кај Форино откако реката Вардар се излеа и поплави дел од коловозот. Сообраќајот се пренасочува по алтернативна рута преку Чајле и Старо Чајле кон Форино.

Дополнително, блокиран е и патниот правец кон селото Герман кај месноста Станча поради паднато дрво на коловозот, што засега го прави непрооден за возила.

Од Авто‑мото сојуз на Македонија информираат дека на поголем дел од државните патишта коловозите се влажни, а на повисоките места има снег, но без поголеми застои во сообраќајот.

Надлежните апелираат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да бидат особено внимателни на делници долж речни корита, клисури и свлечишта, каде постои ризик од одрони и нови поплавувања.

Потсетуваат и дека законската обврска за задолжителна зимска опрема важи до 15 март 2026 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни