Вардар и Црвена Звезда ќе играат хуманитарен натпревар за жртвите од Кочани

Фудбалските клубови Вардар и Црвена Звезда на 16 април во Скопје ќе одиграат хуманитарен натпревар за да се помогнат семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани.

Потврда за овој хуманитарен натпревар пристигна од двата клуба, кои велат дека тоа е најмалку што можат да направат.

Искрено сочувство до семејствата на настраданите, но и до цела Македонија изрази генералниот директор на ФК Црвена Ѕвезда, Звездан Терзиќ.


„Сите во Црвена Ѕвезда длабоко ги потресе несреќата што се случи во Кочани, Македонија. Веднаш ги контактиравме нашите играчки легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, а со нивна помош стапивме во контакт со раководството на Вардар и договоривме да гостуваме во Скопје на 16-ти април и да одиграме хуманитарен натпревар. Целиот приход од овој натпревар ќе оди за семејствата на настраданите во оваа страшна несреќа. Тоа е нешто што Црвена Звезда најмалку може да го направи во овој момент за братската Македонија“ вели Терзиќ.

Тој рече дека со овој гест сакаат да покажат колку оваа трагедија ги погоди сите и дека сите се обединети во болката на семејствата на загинатите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни