Ване Костуранов дел од меѓународна изложба во Талин

Македонскиот илустратор учествува на изложбата „Сите чувства се исправни“ во Естонскиот центар за литература за деца, заедно со реномирани светски автори.

Во Талин, во просториите на Естонски центар за литература за деца, неодамна беше отворена изложбата на илустрации и кукли под наслов „Сите чувства се исправни“, на која учествува и македонскиот илустратор Ване Костуранов.

Костуранов учествува со свои илустрации по покана на центарот, а изложбата обединува врвни илустратори од целиот свет. Меѓу учесниците се и Beatrice Alemagna, Elena Repetur, Mark Janssen и други меѓународно афирмирани автори.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 6 јуни 2026 година, а организаторите ги покануваат сите љубители на илустрацијата и детската книжевност да ја посетат доколку се најдат во Талин во овој период.

Воедно, Костуранов информираше дека неговата сликовница „Девојче и мече“ минатата година беше преведена на естонски јазик и објавена во издание на Päike ja Pilv, со што неговото авторско творештво продолжува да добива меѓународна видливост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни