Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк размислува да се пресели во клуб од МЛС и покрај понудата од Саудиска Арабија, пишува „Get French Football News“.
Ливерпул го гледа 25-годишниот централен бек на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек како потенцијална замена за Ван Дајк. „Црвените“ планираат да за овој трансфер да потрошат околу 50 милиони евра.
Претходно беше објавено дека Ал-Хилал упатил првична понуда до Ливерпул за Ван Дајк, чија вредност изнесува повеќе од 20 милиони евра.
Триесет и тригодишниот Холанѓанец игра за Ливерпул од јануари 2018 година. Оваа сезона забележа 41 настап за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција. Неговиот договор со клубот истекува на крајот од тековната сезона.