Вакцина против херпес зостер го намалува ризикот од деменција

Фото: Freepik

Вакцината против вирусна инфекција на херпес зостер потенцијално има потенцијал да го намали ризикот од деменција, открија научниците во најновото истражување кое сугерираат дека постоечките лекови може да помогнат во борбата против мозочните пореметувања, пишува Фајненшал тајмс.

Луѓето кои ја примиле вакцината Шингрикс на фармацевтската компанија GSK, живееле во просек 164 дена повеќе без дијагноза на деменција отколку групата која ја примила претходната вакцина против истата инфекција.

Истражувањето нагласува дека осежно следење на масовните здравствени податоци откриваат можни неучекувани ефекти од веќе воспоставените терапии со неповрзани здравствени проблеми.

Дијабетесот и лековите за слабеење се во фокус на интерес поради нивниот потенцијал да влијаат на Паркинсова болест и други неуродегенеративни состојби кои порано немаше можност да се лечат.

Големината и природата на студиите за инфекцијата на херпес зостер, во која учествуваа 200 илјади луѓе, покажуваат дека пронајдоците се убедливи и дека треба да се прават дополнителни истражувања, вели Максим Такет, од Универзитетот во Оксфорд.

„Резултатите ја поддржуваат хипотезата дека вакцината против херпес зостер може да спречи деменција. Ако овие резутлати се потврдат во клинички испитување, тоа е многу знајачна вест за постарите лица, како и за здравствените услуги и јавното здравје“ вели текет.

Херпес зостер настанува како резултат на реактивација на вирусот варичела-зостер кој во детството предизвикува сипаници. Имунитетот против тој вирус опаѓа со стареењето, а вакцината го надохнадува тоа слабеење на имунитетот.

Најновото истражување, објавено во четвртокот, го истражувал влијанието на промената од претходната вакцина Зостовак на вакцината Шингрикс. Тоа им овозможило на научниците да ги споредат стапките на деменција кај две групи од повеќе од 100 илјади луѓе во период од шест години, кои примиле една од вакцините.

Во студијата со Шингрикс, ризикот од деменција бил 17 отсто понизок општо, а помеѓу 23 и 27 отсто понизкот во однос на вакцини против други инфекции, како што се грип и тетанус. Позитивниот ефект бил позабележан кај жените, отколку кај мажите.

Претходните студии сугерирале дека Зоставак може да го намали ризикот од деменција, но најновите резултати покажуваат дека Шингрикс е уште поефикасна.

Дополнителните студии треба да утврдат не само дали вакцината го намалува ризикот од деменција, туку и да утврди како се постигнува тоа.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни