Вака изгледаа Брижит Макрон и нејзиниот прв сопруг на нивната венчавка пред 50 години

Брижит Макрон има искуство со скандали, а во 2021 година дојде до голема афера поради тврдењата на новинарката Наташа Реј дека првата дама на Франција наводно е родена како маж, Жан Мишел Троние. Се проширија гласини, а сопругата на францускиот претседател одговори со тужба.

Брижит Макрон од завчера е во центарот на вниманието на светските медиуми поради аферата со шамари што се случи откако таа и нејзиниот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон, пред два дена пристигнаа во официјална посета на Виетнам. Таа е снимена како во авионот го удира сопругот по лицето, непосредно пред да се појават пред новинарите. Но, тоа не е единствениот скандал на првата дама на Франција.

Брижит Макрон има искуство со скандали, а во 2021 година дојде до голема афера поради тврдењата на новинарката Наташа Реј дека првата дама на Франција наводно е родена како маж, Жан Мишел Троние. Се проширија гласини, а сопругата на францускиот претседател одговори со тужба.

Потоа се огласи новинарката Кендис Овенс, која на мрежата Икс изјави дека е подготвена да ја стави својата професионална репутација на линија за да ја докаже контроверзната теорија за Брижит Макрон. За ова зборуваше и во својот подкаст, велејќи дека првата дама на Франција „го променила полот на 30 години, дека не родила три деца како што се вели и дека нејзиниот покоен сопруг никогаш не постоел“.

Инсинуациите дека Брижит Макрон наводно е родена како маж, во 2021 година направи весникот „Faits et Documents“ откако Емануел Макрон беше избран за претседател на Франција.

На таа тема во интервју за „Paris Match“ зборуваше ќерката на Брижит Макрон. Имала само 10 години кога дознала дека нејзината мајка, во тоа време професорка по литература во средно училиште, била во врска со ученик кој бил 25 години помлад од неа. „Бев загрижена за состојбата на општеството кога слушнав што кружи на социјалните мрежи, дека мајка ми е маж“, рече таа.

Името Жан Мишел Троние е всушност името на братот на Брижит Макрон, пишува Daily Mail. Првата дама на Франција пред бракот со Макрон се викаше Троње. И кој беше нејзиниот прв сопруг?

Мистеријата на првиот сопруг на Брижит Макрон

Јавно се достапни само две фотографии од првиот сопруг на Брижит Макрон. Едната е од нивната свадба, од јуни 1974 година, а другата е заедничка слика на првата дама и Андре-Луј Озиер.

Овие слики може да се видат но сепак, постои сомневање дека ниту фотографијата на која Озиер носи очила и стои до Брижит не е автентична, односно дека него го нема на таа фотографија, што уште повеќе ја зголемува мистеријата.

Брижит Макрон со својата прв сопруг

За сликата од венчавката пишуваше и Дејли Мејл откако дозна дека Озиер починал.

Брижит имаше три деца со нејзиниот прв сопруг Себастиен (1975), Лоренс (1977) и Тифен (1984).

Озиер е роден во 1951 година во Камерун, тој беше француски банкар, прилично воздржан човек, кој секогаш ги избегнуваше медиумите. Тој се најде во центарот на вниманието кога се дозна за врската помеѓу Брижит и Емануел Макрон, пишува Гала.

Поголемиот дел од својот живот го помина работејќи во банкарскиот сектор, најмногу во „Banque Française du Commerce Extérieur“ (извор Program TV). По разводот со Брижит, тој успешно ги избегна медиумите кои изненадија многумина бидејќи не сакаше „пет минути слава“.

Мора да се признае, би биле горчливи пет минути, откако Брижит Макрон го остави поради нејзиниот сегашен сопруг.

На сликата од свадбата на Брижит и Андре-Луј Озиер тие се со своите родители. Сликата ја објавија „Les Échos du Touquet“ и „Le Carnet Touquettois“.

Погребан во најстрога тајност

Брижит му предавала литература на Емануел Макрон кога тој ѝ признал во 1994 година дека е заљубен во неа. Откако дознал за аферата, Озиер поднел барање за развод, кој бил финализиран во 2006 година. Следната година се одржала венчавката на Макронови.

Првиот сопруг на Брижит Макрон бил неконвенционален и дискретен маж, изјави нивната ќерка, која објави дека нејзиниот татко починал во декември 2019 година, на 68-годишна возраст.

„Татко ми е мртов, го закопав во најстрога приватност на 24 декември ра. Го обожавав, тој беше посебно суштество, неконформист кој ја ценеше својата анонимност повеќе од се. Тоа мора да се почитува“, напиша таа во својата колумна.

Според магазинот „Closer“, поранешниот сопруг на првата дама на Франција бил погребан на гробиштата Пјер-Лашез во Париз, познати како вечното почивалиште на Џим Морисон и Оскар Вајлд. Ја сакаше анонимноста, а почива покрај бројни познати личности, меѓу другите Балзак, Шопен (неговото срце е погребано во Варшава), Едит Пјаф, Марсел Пруст…

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни