Вадуц – престолнината на Лихтенштајн што изгледа како од бајка

Главниот град на Лихтенштајн, Вадуц, делува речиси нереално – чист, мирен и без гужви, како сите жители да заминале на викенд во Швајцарија.

Градот се наоѓа само еден и пол час возење од Цирих и околу два часа од Минхен.

Интересно е што Лихтенштајн нема сопствена војска – последен пат имале во 1868 година. Денес, земјата е позната како финансиски центар и даночен рај.

Замокот Вадуц, кој се наоѓа на рид над градот, е дом на принцот Ханс-Адам II и неговото семејство. Иако изгледа како од бајка, замокот е затворен за јавноста за приватност на принцот.

Главната улица, Vaduzer Städtle, плени со својата елеганција. Луксузни бутици, музеи и продавници за сувенири се совршено уредени, а Музејот на современа уметност и Поштенскиот музеј нудат изненадувања за посетителите. Во центарот на градот се наоѓа и катедралата Свети Флоријан, посветена на заштитникот на Лихтенштајн.

Сепак, посетата на Вадуц не е за секого – цените се високи, продавниците работат кратко, а интернетот и технологијата понекогаш се недостапни. Сепак, градот нуди уникатно искуство за сите кои сакаат да почувствуваат како изгледа животот во бајка.

Извор: N1infors

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни