Вадефул: Не треба да се очекува брз крај на војната во Иран

„Мислам дека овие напади ќе продолжат сè додека додека иранската страна не покаже сериозна подготвеност за преговори“ рече Вадефул

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изрази претпазливост во врска со можноста американско-израелската војна против Иран наскоро да заврши. Зборувајќи во Никозија заедно со својот кипарски колега Константинос Комбос, Вадефул рече дека САД остануваат фокусирани на намалување на воените капацитети на Иран, „кои претставуваат закана за неговите соседи, но и за Европа, до тој степен што таа закана повеќе не постои“.

Тој додаде: „Мислам дека овие напади ќе продолжат сè додека не се постигне таа цел или додека иранската страна не покаже сериозна подготвеност за преговори.“ Вадефул, исто така, рече дека европските лидери мора „многу брзо да се позиционираат за да можеме и ние да имаме улога во овие преговори.“

Тој најави солидарност со Кипар во случај на евентуални нови напади од ирански ракети или беспилотни летала, но повторно ја отфрли можноста за воена поддршка. Иран претходно го критикуваше ставот на Германија во војната.

„Под притисок од германската канцеларка, некои членки на ЕУ ризикуваат да се најдат на погрешната страна од историјата, оставајќи впечаток за соучесништво во американско-израелските акти на агресија и воени злосторства против Иран“, изјави минатата недела Есмаил Багаеи, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи.

Тој додаде дека Европската Унија „мора да се спротивстави на секој потег што потсетува на историските нацистички обрасци на размислување и наместо тоа да ја почитува својата обврска кон меѓународното право и правдата“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни