Скопското астрономско друштво за феноменот „Персеиди“

Уживање во метеорскиот дожд на Козјак

Најдобриот метеорски рој на кој нашето друштво присуствуваше беше метеорскиот дожд Леониди во ноември 2001 година. Во еден момент имаше толку метеори што престанавме со евиденција и уживавме во огромен број на метеори кои паѓаа и по неколку на секоја секунда. Исто така и Геминиди во декември се добри да се видат и тие се слични на Персеидите, но за нив помалку се знае затоа што тогаш е ладно и не е така згодно да се набљудуваат како Песеидите
Емил Новевски Метеорски дожд 2024/ Козјак

Скопското астрономско друштво минатиот викенд со сите љубители на метеорскиот дожд беше на Рудине, над браната Козјак, од полноќ до утро, каде не само што го набљудиваа ѕвезденото небо, туку и направија одлични фотографии за овој феномен кој секоја година се случува во првата недела на август. Со нив разговаравме за тоа што се персеиди и колку луѓето се запознаени и сакаат да ги следат.

Емил Новевски/ Метеорски дожд/Козјак

„Со подобра информираност луѓето се повеќе и повеќе се заинтересирани да видат некој феномен. Скопското астрономско друштво е тука за да ги едуцираме заинтересираните за некој од тие феномени и да ги повикаме граѓаните заедно со нас да ги набљудуваме со или без телескопи“ велат од астрономско друштво.

Персеидите, објаснуваат тие се метеорски рој кој потекнува од кометата Сфифт Татл. Кометите се објекти кои кога ќе се доближат до Сонцето формираат опашка, која се состои главно од ситни камчиња и мраз. Кога Земјата ќе помине низ остатоците од таа опашка сите мали зрнца или камчиња влегуваат во нашата атмосфера, каде заради огромна брзина од неколку десетици километри во секунда се создава огромен притисок пред тоа малечко камче и воздухот се јонизира и засветлува со силна светлина, што ние гледаме како феномен метеор или ѕвезда што паѓа.

Емил Новевски/ Метеорски дожд/Козјак

Зошто токму во Август се највидливи? Затоа што објаснуваат од Скопското астрономско друштво, овој метеорски рој и неговата орбита околу Сонцето, нашата планета го пресретнува во тој период.

-Всушност, тоа пресретнување на ројот почнува некаде на крајот на јули  и завршува околу 20ти август. Но, некаде околу 12ти август поминуваме низ најгустиот дел од тој рој на метеороиди (објекти во вселена помали од еден метар), па затоа и одиме во тој период да ги набљудуваме,  затоа што очекуваме тогаш метеорите да бидат најбројни – објаснуваат нашите соговорници.

Метеорска астрономија, велат е можеби единствен дел од астрономијата, каде астрономи аматери имаат најголем придонес.

Емил Новевски/ Метеорски дожд/Козјак

-Астрономи аматери низ целиот свет ги набљудуваат метеорите, водат нивна евиденција и истражување. За да набљудувате метеори не ви треба речиси никаква технологија. Во последно време метеорската астрономија се модернизира со камери и софтвери, кои многу помагаат во евиденцијата на метеорите. Професионалната астрономија речиси воопшто и не се занимава со метеорите, освен ако тие не паднат на земја, кога добиваат име метеорити, а тогаш научниците имаат интерес да истражат состав на метеоритите, кои ни кажуваат за тоа како настанал Сончевиот систем – велат од Скопското астрономско друштво.

Емил Новевски/ Метеорски дожд/Козјак

Она што најмногу ги интересира љубителите на метеорскиот дожд каде можат најдобро да се видат. Било која локација, ќе кажат астрономите, која нема сијалици или било какво осветлување.

– За жал, денес такви локации се подалеку од големите градови и морате да возите и повеќе од еден час за да дојдете на некоја темна локација, каде нема светлосно загадување, за да можете непречено да видите темно небо, објаснуваат од Скопското астрономско друштво.

Емил Новевски/ Метеорски дожд/Козјак

Иако секоја година метеорскиот дожд е посебно уживање, од друштвото ќе го споменат оној во 2001 година.

– Најдобриот метеорски рој на кој нашето друштво присуствуваше беше метеорскиот дожд Леониди во ноември 2001 година. Во еден момент имаше толку метеори што престанавме со евиденција и уживавме во огромен број на метеори кои паѓаа и по неколку на секоја секунда. Исто така и Геминиди во декември се добри да се видат и тие се слични на Персеидите, но за нив помалку се знае затоа што тогаш е ладно и не е така згодно да се набљудуваат како Песеидите, велат нашите соговорнци.

Фото Емил Новески

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни