Шест лица се водат за исчезнати во Летур, кој има помалку од 1.000 жители, во источната провинција Албасете, соопштија властите.
Според лидерот на регионот Валенсија, веќе се извлечени тела на настрадани по поројниот дожд што предизвика поројни поплави во југоисточна Шпанија.
„Мртвите тела се пронајдени, но од почит кон семејствата, нема да даваме дополнителни податоци“, изјави Карлос Мазон за новинарите.
Бројот на извлечени тела не е наведен. Спасувачките напори се во тек и продолжуваат во текот на ноќта.
Снимките поставени на социјалните мрежи покажуваат дека надојдените води предизвикуваат хаос, уриваат мостови и влечат автомобили по улиците. Друго видео се појави на кое се прикажани луѓе како се држат за дрвја за да не бидат однесени.
Наводно, радио и ТВ станици добивале стотици повици за помош од луѓе заробени во поплавените подрачја или во потрага по најблиски, додека службите за итни случаи се борат да стигнат до некои области.
Вработените во службата за итни случаи користат беспилотни летала за да ги бараат исчезнатите во тешко погодената општина Летур, изјави локалниот претставник Милагрос Толон за шпанската јавна телевизија ТВЕ.
„Приоритет е да се најдат овие луѓе“, рече таа.
Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен аларм во регионот на Валенсија и втор највисок степен на тревога во делови од Андалузија.
Градското собрание на Валенсија соопшти дека сите училишта и спортски настани се суспендирани во среда, а парковите ќе останат затворени.
Шпанскиот премиер Педро Санчез во објавата на Х рече дека „со загриженост ги следи извештаите за исчезнати луѓе“.
Тој ги повика луѓето да ги следат советите на властите, додавајќи дека луѓето треба „да избегнуваат непотребни патувања.