Увозот на странски возила во Америка поскапува за 25%

Трамп објасни дека возилата произведени во САД нема да бидат опфатени со царините, а се очекува државната каса да собере околу 100 милијарди долари годишно од новите царини. Американските синдикати во автомобилската индустрија ја поздравија оваа мерка, тврдејќи дека ќе создаде нови фабрики и ќе ги заштити домашните работни места.

Од 3. април, САД ќе воведат царини од 25% на сите увезени возила и авто-делови од Мексико, Канада, ЕУ, Јапонија и Јужна Кореја. Оваа одлука е најагресивната трговска мерка на новата администрација на Трамп, која се смета за удар врз блиските трговски партнери на САД.

Трамп објасни дека возилата произведени во САД нема да бидат опфатени со царините, а се очекува државната каса да собере околу 100 милијарди долари годишно од новите царини. Американските синдикати во автомобилската индустрија ја поздравија оваа мерка, тврдејќи дека ќе создаде нови фабрики и ќе ги заштити домашните работни места.


Меѓутоа, странските производители како „Тојота“, „Мицубиши“ и „Хонда“ предупредуваат дека цените на возилата ќе пораснат, а и самите американски производители како „Форд“ и „Џенерал Моторс“ се загрижени за потенцијалниот ефект на новите царини.

Јапонија и Канада најавија реакции и потенцијални контрамерки, додека Европската комисија истакна дека ќе ги разгледа новите мерки и останува отворена за дијалог. Трамп, пак, предупредува дека ако ЕУ и Канада се спротивстават, ќе се соочат со многу поскапи царини.

Доналд Трамп предупредува дека ЕУ и Канада не треба да соработуваат против „најголемиот пријател кој го имале“. Јапонија пак ги разгледува „сите опции“ за одбрана од новите царини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни