Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер утрово ја погоди западна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на растојание од 157 километри од градот Лариса.
До овој момнет нема извештаи за повредени или материјална штета, а според искази на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван силно, но не траел долго.
Земјотресот освен во Грција, бил почувствуван и во Охрид, Македонија и во Тирана, Албанија.