Се уште се издига чад од остатоците од пожарот што над 15 часа гореше во компанија за електронски отпад во Трубарево.
Покрај чадот се чувствува и силна непријатна миризба во воздухот, а на лице место се и екипи на полицијата.
Утрово, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека пожарот е изгаснат, но дека се уште чади од жариштето.
Полицијата синоќа евакуирала дел од граѓаните кои живеат во непосредна близина на опожарениот објект.

На силна непријатна миризба утрово на социјалните мрежи се жалат и жители на скопските населби Лисиче, Аеродром и Кисела Вода.
Надлежните институции информираа дека врз пожарот биле исфрлени 100 камиони песок и 1000 тони вода.