Утрово уште еден земјотрес ги разбуди граѓаните

Земјотрес со јачина од 2,1 степени регистриран во Македонија

Утрово, по 1 часот, во Македонија беше регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтер. Според информациите од Европскиот медиум за следење на земјотреси (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 5 километри, на 21 километар од Кичево.

Овој земјотрес е само еден во серијата потреси кои го погодија регионот во последниот период. Иако не е особено силен, земјотресот е дел од поширокиот бран на сеизмичка активност кој во последните недели ја зафаќа целата планета. Македонија не останува имуна на овие природни појави.

Во последниот месец, во Македонија се почувствуваа неколку земјотреси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни