Утрово сообраќајот се одвива по зимски услови

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни