Доколку во текот на денот се чувствувате лошо, причина за тоа може да бидат и неколкуте ваши утрински навики, кои важат за ваш мал ритуал. Затоа, доколку имате здрави утрински навики, тоа по автоматизам значи дека вашиот ден ќе биде квалитетен и со помалку стресни ситуации.
Токму овие навики прават да се чувствувате уморно во текот на денот.
Одложување на алармот
Експертите тврдат дека одложувањето на алармот не е добра идеја, бидејќи со притискање на копчето „snooze“, ѝ пречите на РЕМ фазата на спиење. Ако постојано ја прекинувате оваа фаза на спиење, ќе се чувствувате исцрпено и ненаспано. Покрај тоа, може да заспиете за време на одложувањето на алармот, што доведува до доцнење, неисполнување на работните обврски и договорени планови, што ќе ве направи многу нервозни.
Покрај тоа што е пожелно да станете штом ќе за заsвони алармот, експертите ве советуваат да се будите приближно во исто време секој ден, за да се разбудите со леснотија.
Лежење во кревет
Оние дополнителни пет минути лежење скупчени нема да ви ја вратат енергијата. Напротив, докажано е дека будењето во положба на фетусот предизвикува стрес, додека истегнувањето може да го реши тоа.
Ејми Кејди, психолог од Харвард, смета дека треба да се истегнете по целиот кревет веднаш по будењето. На тој начин, ќе ги истегнете сите мускули, а исто така ќе стекнете самодоверба за да го започнете денот, објаснува таа. Ејми, исто така, тврди дека луѓето кои се будат со раширени раце во форма на буквата V се исклучително среќни.
Прво утринско кафе
Иако за многу луѓе кафето е главното средство за будење, пиењето веднаш по будењето може да има спротивен ефект. Кофеинот го удвојува нивото на хормоните на стрес и може да доведе до проблеми со спиењето, а по некое време повторно ќе се чувствувате поспано.
Лекарите веруваат дека најдобро време за шолја кафе е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, после појадок, и никогаш на празен стомак.
Појадокот редовно го прескокнувате
Во никој случај, колку и да брзате и да имате обврски, не е препорачливо од дома да излегувате гладни. Доколку не сте во можност рано наутро да си подготвите некој оброк, тогаш доволно е да изедете една банана или на едно парче леб да намачкате нешто.
На тој начин, само за неколку минути, вие на вашето тело ќе му обезбедите доволно количество енергија за да ги реализира многу полесно сите зацртани планови.
Извор: lepotaizdravlje.rs