Утринска навика која предвидува како ќе помине вашиот ден

Истражување покажува дека утринската шолја кафе може да предвиди како ќе помине вашиот ден и ја зголемува мотивацијата за дневните обврски.

За многумина утрото без кафе е незамисливо, а ново истражување потврдува дека овој ритуал има и научна основа. Голем број испитаници тврдат дека нивната утринска навика на пиење кафе може да ја предвиди успешноста на остатокот од денот. Особено пред преминот на летното сметање на времето, кога се губи еден час сон, значењето на утринската шолја кафе станува уште поголемо.

Истражувањето спроведено од Talker Research во соработка со Eight O’Clock Coffee на примерок од 2000 лица покажало колку утринското кафе е важно. Голем дел од учесниците признале дека кафето ги мотивира да се справуваат со дневните обврски. 73% сметаат дека кафето влијае на успешноста на нивниот ден, додека 79% тврдат дека денот им е полесен кога ќе испијат утринска шолја.

Утринскиот ритуал и времето за него

Истражувањето откри дека луѓето просечно поминуваат околу 16 минути за подготовка и пиење на кафе. За споредба, на туширање трошат 11 минути, на појадок девет, а на фризура и шминка околу осум минути. Дури 47% од испитаниците признале дека одат порано на спиење за да имаат доволно време за утринско кафе. Дури и преместувањето на часовникот и губењето на сон не ја менуваат оваа навика, а само 15% би го прескокнале кафето за да не доцнат.

Многу испитаници би се откажале од други утрински обврски, како средување на кревет или бричење, отколку да ја прескокнат својата шолја кафе. Половина од нив дури би закосниле на работа, но не би ја пропуштиле утринската шолја кафе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни