Утре започнува ОФФест

24-то издание на ОФФест ќе се одржи во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар од четврток до недела, односно од 5-ти до 8-ми јуни. На програмата се 9 концерти и една специјална филмска проекција, а годинава на фестивалот ќе настапат музичари и состави од 8 различни земји.

Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на ОФФест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а спектарот на стилови, „географското потекло“ на уметниците и шареноликите музички правци, несомнено ќе им приредат несекојдневно и незаборавно концертно искуство на посетителите. ОФФест, на една година пред својот 25-ти јубилеј ужива во репутацијата на еден од најпрепознатливите и најпознати фестивали за музика на светот во Европа, статус кој што се должи на исклучително богатата програма низ годините во која се проткаени небројни жанрови, емоции и доживувања. 

Програма:

5 јуни

Национална опера и балет | 20ч.

Dragan & Ratko Dautovski (С. Македонија)

Canzoniere Grecanico Salentino (Италија)

6 јуни

Национална опера и балет | 20ч.

Kimmo Pohjonen (Финска)

Maria João Аbundância (Португалија)

7 јуни

Национална опера и балет | 20ч.

Vieux Farka Touré (Мали)

Florence Adooni (Гана)

8 јуни

МКЦ Кино Фросина | 20ч.

Júlia Kozáková Trio (Словачка)

8 јуни

МКЦ Дансинг сала | 21ч.

Mordái (Унгарија)

Lufthansa (С. Македонија)

Програма плус

8 јуни

МКЦ Кино Фросина | 18:30ч.

SARAVAH

Документарен филм (Бразил)

Повеќе информации на www.offest.com.mk

Билети: mktickets.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни