Утре во 17 часот пред Универзална нов граѓански протест ,,Кој е следен”?

Протестот има за цел да адресира три главни проблеми: Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволна безбедност во градовите и глорификација на девијантно однесување.

Утре во 17:00 часот ќе се одржи уште еден грашански протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала.

,,Случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт. Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг на поддршка резултира до сѐ почести фатални последици” велат организаторите.

Протестот има за цел да адресира три главни проблеми: Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволна безбедност во градовите и глорификација на девијантно однесување.

,,Алките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат. Институциите не настапуваат координирано за идентификување на едата и младите во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството. Дополнително, урбаната инфраструктура не ја осигурува потребната безбедност. Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот. За крај, одисклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување. Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата” , велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни