Утре се затвора „Танц фест“

Танцовата креација ги вкрстува современиот танц и дигиталната уметност, прикажувајќи интеракција помеѓу изведувачот и неговите многубројни лица низ најразновидни трансформации.

Утре, 13 мај 2025 година, во 20:00 часот, во Македонскиот народен театар се затвора 21. издание на ТАНЦ-ФЕСТ со иновативната и интерактивна танцова претстава „MYSELVES”, на француската група K. DANSE.

Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата креација ги вкрстува современиот танц и дигиталната уметност, прикажувајќи интеракција помеѓу изведувачот и неговите многубројни лица низ најразновидни трансформации.

Со употреба на телесни и оптички сензори, танчерката нè внесува во единствено ументичко искуство каде површините за проекција стануваат портали кон невидливото, а виртуелните идентитети на изведувачот се појавуваат и исчезнуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни