Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со институтот Гете и Амбасадата на Сојузна Република Германија во вторник, 30 септември 2025, од 10 часот, во просториите на Europe House – Скопје ќе го отворат француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визија за иднината“.
Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, и Н.Е. г-ѓа Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија.
На отворањето збор ќе земат и –ѓа Катарина Оствалд-Рихтер, директорка на Гете-институтот и г-дин Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје.
На отворањето на овој проект, заснован на меѓукултурен и меѓугенерациски дијалог, ќе биде претставен проектот кој има за цел стимулирање на креативноста кај младите, промовирање на историското наследство на Скопската чаршија и предлог креативни решенија за сочувавање на културното наследство во иднината.
Токму на отворањето, коешто воедно е и прв работен ден, учество ќе земат аниматорите и учесниците на секоја работилнница, а секој ментор ќе ги престави активностите кои следуваат во текот на наредните денови. Предвидени се и видео работилници, работилници за фотографија, работилници по историја, работилници по книжевност и работилници со по архитектура, а учество земаат студенти од различни факултети во Скопје.
Аниматори на работилниците се реномирани артисти, режисери и професори меѓу кои: Леонор Мерсие (Франција), режисерка и аниматорка на видео работилницата, писателката Аријан Жус (Франција), која ќе ја води книжевната работилница, фотографот Хајнрих Холтгрев (Германија), аниматор на фото работилницата, како и г-ѓа Даниела Николова, историчар, советничка и кустос, во менторка на историската работилница, и проф. д-р Дивна Пенчиќ, професорка на Архитектонскиот факултет во Скопје и аниматорка на архитектонската работилница;
Проектот се затвора в сабота, 4 октомври 2025, во 20:00 часот во Сули ан, како дел од програмата на Бела ноќ, во форма на мултимедијален спектакл и презентација на разултатите од страна на учесниците.
По презентациите, од 21:30, следи концерт на електронска музика ПАРИЗ-БЕРЛИН-СКОПЈЕ. Диџеј сетови ќе имаат диџеј Дарко Јорданов (Скопје), диџеј Бојан Јанев (Скопје/Берлин) и диџеј Женева (Париз), во знак на затворање на проектот.
Овие два настана, дел од скопскката Бела ноќ, се отворени за сите посетители.