Утре претстава „Ехо на заборавот“ на театар „Чекори“

Организаторите предупредуваат дека претставата е наменета за лица над 16 години, истата содржи сцени кои можат да бидат вознемирувачки

Театарот „Чекори“, утре, (сабота 22.11 2025) со почеток во 20 часот, во Makka bar, ќе ја изведе претставата „Ехо на заборавот“.

Делото е модерна трагедија во авторство на Ирем Генишел Бешкоска а играат Михаил Митевски Иван Делиманов Никола Кузманоски Јована Гаврилоска Никола Димевски Маја Ѓурчевска Валентин Видовиќ 

Претставата е во режија на Маја Ѓурчевска, авторска музика и тон мајстор: Валентин Видовиќ, дизајн на светло и светло мајстор: Никола Димевски, дизајн на постер е Љубица Делиманова а за фотографијата задолжен е Славјан Стојанов.

Влезници по цена од 300 денари, ќе може да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата.

Организаторите предупредуваат дека претставата е наменета за лица над 16 години, истата содржи сцени кои можат да бидат вознемирувачки како што се Физичко и емоционално насилство; Употреба на дрога, алкохол и пушење; Груб јазик; Ментално растројство 

„Ехо на заборавот“ е модерна трагедија што ја истражува темата на менталното здравје, идентитетот и општествената стигма преку приказната на млад геј маж што живее со шизофренија. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни