Утре, 28 октомври 2025 година, во 11:55 часот, пре Собранието на Р. Македонија, група родители на лица со попреченост ќе одржат мирен протест и прес-конференција пред Собранието на Република Македонија,(жена парк) под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место”.
Според нив, причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје.
Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и кривична одговорност за сторителите, како и системски мерки за заштита на лицата со инвалидност во јавниот сектор.
„Настанот има за цел да ја потсети јавноста и институциите на обврските произлезени од Законот за вработување на инвалидни лица, со акцент на достоинствен третман, поддршка и инклузија“ велат родителите и ги повикуваат граѓните да им се придружат.